Рецепти

ВЕНЕЦ ОД СОЛЕНИ МАФИНИ
Еве една идеја како да ја збогатите новогодишната трпеза, со едноставен, вкусен и декоративен рецепт.

Подготовка
1. Мафините ги подготвуваме според упатството на пакувањето.
2. Додаваме сечкана шунка и кашкавал, како и сувиот спанаќ.
3. Соединуваме и ги полниме корпите за мафини кои ги има во пакувањето.
4. Печеме во загреана рерна на 180 степени, ако е рерната со вентилатор на 160 степени, околу 30-35 минути.
5. Ја процедуваме киселата павлака во газа, за да ни биде покомпактна и да не биде многу влажна.
6. Семките ги мелеме во Нутрибулет и ги соединуваме со процедената кисела павлака.
7. Ја ставаме смесата во шприц и ги украсуваме изладените мафини.
8. Цвеклото го сечкаме на тенки кришки и вадиме со калапче кругови, па ги редиме заедно со свежиот магдонос на филуваните мафини. Рендаме пармезан над нив.

Состојки
1 пакување за мафини со микс од семки Фантазиjа
50 гр шунка
50 гр кашкавал
1 лажица сув спанаќ

За фил
350 гр кисела павлака
100 гр семки од тиква Натура

За украсување
1 цвекло, свеж магдонос, рендан пармезан.


БОЖИЌНА ФАНТАЗИЈА
Мирисна и декоративна торта која ќе ја збогати вашата Божиќна трпеза. Готовиот фондан на Фантазија е прекрасен за изработка на разни украсни форми, кои ќе допринесат во очите на вашите најблиски да бидете вистински слаткари.

Подготовка
1. Готовата смеса за овошен колач ја подготвуваме според упатството, па откако ќе ја изматиме додаваме чоколадни капки и рендана кора од портокал.
2. Ја истураме во намрсено и набрашнето тавче бр. 21, ја печеме според упатството околу 50 минути. Ја оставаме да се излади пред да ја сечеме.
3. За филот вариме 400 мл млеко, а во остатокот ги раствораме пудинзите заедно со шеќерот. Кога ќе почне да врие млекото, го ставаме пудингот и мешаме додека да згусне. Го оставаме сосема да излади.
4. Путерот го матиме пенасто и го соединуваме со изладениот пудинг. Мал дел од филот оставаме на страна, со него ќе ја премачкаме тортата, а во останатиот ставаме околу 50 гр шеќерни трошки. Филот ни е подготвен.
5. Врвот на колачот го отстрануваме за да колачот ни биде рамен. Останатиот дел го сечеме на два дела. Ја филуваме тортата со филот со шеќерни трошки, а ја премачкуваме филот што го тргнавме на страна.
6. Тортата ја декорираме со смесите за фондан, по желба и сопствен вкус.

Забелешка
За да ви биде побрза подготовката на фил, може да користите инстант пудинг.

Состојки
Готова смеса за овошен колач  Фантазија (Fantaѕia Fruit Cake mix)
50 гр чоколадни капки Фантазија  (Cocoa drops)
кора од 1 портокал

За фил
2 пудинга од ванила
500 мл млеко
150 гр путер
7 лажици шеќер
1 Шеќерни шарени трошки Фантазија (Sugar sprinkles)

За декорација
1 Бел фондан Фантазија 
1 Розе фондан Фантазија 
1 Син  фондан Фантазија 


ФАНТАЗИЈА КУГЛОВ СО ПОРТОКАЛИ

Во сад се става мешавина за тесто, јајцата, маслото и млекото. Се меша со миксер кратко на најспора брзина, а потоа на најбрза 3 минути, се додава сувото грозје и се меша со лажица. Садот за печење се премачкува со масло, се посипува со брашно и се истура смесата. Се израмнува одозгора. Се пече 40 минути во загреана рерна на 180 степени. Готовиот истинат круглов пресечете го на три дела. Шлагот изматете го и оставете малку шлаг за украсување. Премачкајте го тестото со шлаг, ставете сечени на коцки протокали. Белото чоколадо стопете го на тивко и прелијте го кругловот. Оставете во фриждер да се стегне. Украсете со шлаг.

За тесто
3 јајца
125 мл зејтин
100 мл млеко
420 гр мешавина за овошен колач со суво грозје Фантазија

За фил
50 гр шлаг со вкус на ванила
4 портокали
200 гр бело чоколадо


НОВОГОДИШНИ КРОФНИЧКИ

Овие крофнички редовно ги правиме дома, заради тоа што сите ги обожаваме. Ама овај пат се малку поинаку декорирани - новогодишно.
Најпрво со миксер ги матиме јајцата, шеќерот, ванилиниот шеќер, за потоа постепено како што матиме со миксерот ги додаваме и останатите состојки, односно брашното, прашакот за пециво, јогуртот и маслото. Овие крофнички можат да се прават во апарат за мини крофни, а за полесно да ја наполните смесата во апаратчето можете да ја ставите со малечко пластично шишенце или можете да користите слично кое било како оние од кечап што се. Откако се е готово, се растопува бело чоколадо и едната страна од крофните се прави со чоколадо, а одозгора на чоколадото ставаме шарени трошки за декорација од Фантазија.

Состојки
2 јајца
8 лажици шеќер
170 мл јогурт
70 мл масло
1 кесичка прашак за пециво Фантазија
1 кесичка ванилин шеќер Фантазија
18 лажици брашно
1 бело чоколадо
100 гр шарени трошки за декорација Фантазија


КУГЛОФ ФАНТАЗИЈА
Екстра вкусен куглоф со празничен мирис.

Подготовка
Јајцата, маслото, млекото и мешавината од Фантазија за тесто се подготвуваат според упатството на кутијата. Можете да додадете плус рендана кора од еден портокал, толчени карамелизирани ореви и рендано чоколадо. Куглофот се пече според упатството ама најдобро вие да си проверувате со чепкалка. Печениот куглоф оставаме да се олади и потоа го прелеваме со стопено чоколадо и на крај наросуваме со шеќер во прав.
Ви ги препорачуваме овие мешавини на Фантазија бидејќи навистина се вкусни.


ОРАНЖ ФАНТАЗИЈА КУГЛОВ
Мерак работа, ем си фантазираш, ем си готвиш, ем брз колачот за подготовка...

Подготовка
1. Рерната ја вклучуваме на 165 степени со вентилатор или 180 степени без вентилатор.
2. Маслото, сокот, јајцата, ванилиниот шеќер и смесата од паковката ги ставаме во еден сад. Матиме до згуснување на смесата.
3. Додаваме кора од портокал, чоколадни капки и сечканото суво грозје. Промешуваме до соединување.
4. Смесата ја истураме во намрсен и набрашнет калап за куглоф.
5. Печеме околу 45 минути. Пробуваме со чепкалка, ако е сосема сува, печен е.
6. Го ладиме, па го превртуваме во садот во кој ќе го сервираме.
7. Наросуваме шеќер во прав.

Забелешка
Во подготовката на пакувањето пишува дека треба да се додаде вода во смесата, но можете да ја замените со сок од портокал.
Превкусно!


БРАУНИС ФАНТАЗИЈА

Пригответе го тестото според упаството од мешавината за браунис со какао лушпи од Фантазија. Садот во кој ќе печете премачкајте го со путер, по можност со прсти, за да ги опфатите сите делови. (ние користевме сад со димензии 20x15) и истурете ја смесата во садот. Можете да ставите и неколку чоколадни капки од Фантазија. Се пече во загреана рерна на 180 за време од 20 мин. Се остава да се излади. Го подготвуваме чоколадниот ганаш. Во сад ја загреваме слатката павлака, но не и да зоврие, ја ставаме сецканата црна чоколада и промешуваме до соединување. Истурете го филот врз изладениот браунис и нанесете рамномерно. Наросете со шарените трошки за декорација на Фантазија. Оставете го така околу 2 часа.

Исечете на парчиња и сервирајте.


СОЛЕНИ МАФИНИ СО СЕМИЊА
Брзи,вкусни и едноставни се овие мафини. Мешавината за солени мафини на Фантазија е одлична, а во пакувањето има и кесичка со семиња (сончоглед,тиква,лен...30 грама)

Во сад се става мешавината за тесто, јајцата, водата и маслото. Се мати со миксер додека се добие изедначена смеса. Се додава една лажица од семињата, рендано сирење и ситно сецкана сланина. Хартиени калапи се ставаат во тавата за мафини. Тестото рамномерно се распоредува во калапите. Од прилика по една и пол лажица. Одозгора се наросуваат со остатокот од семињата. Се печат околу 25 до 30 минути во загреана рерна на 180 степени.
На здравје!


БРАУНИ ЕЛКИ
Брза и лесна подготовка со Фантазија производите. Идеите за сервирање и комбинациите си доаѓаат сами по себе.

Подготовка
1. Ја вклучуваме рерната на 160 степени со вентилатор или на 180 во обична рерна.
2. Брауни колачот го подготвуваме според упатството на пакувањето. Тоа е брзо и едноставно, значи сите состојки освен чоколадните лушпи се матат со миксер додека да се соединат, а на крајот се додаваат и лушпите.
3. Во смесата рендаме кора од портокал и повторно соединуваме.
4. Смесата ја распоредуваме во намрсено и набрашнето тавче.
5. Одозгора посипуваме со бадеми.
6. Печеме и пробуваме со чепкалка дали е печен колачот, ако е сува, печен е.
7. Откако колачот ќе излади го сечеме на траголници, го сервираме и посипуваме со шеќер во прав.


ВИНЧИНИ РОЛАТ ДЕСЕРТ

Подготовка
Најпрво ќе го приготвите основниот фил.

Желатинот помешајте го со водата и оставете го да набубри.
Измешајте ги водата и млекото, одвојте од него околу 150 мл. а остатокот оставете го да се грее. Во друг сад изработете ги жолчите со шеќерот, додадете го брашното, во добиената смеса додадете го постепено одвоеното млеко, измешајте добро смесата да е без грутчиња. Тргнете го провриеното млеко настрана, додавајте постепено од смесата со жолчките и постојано мешајте исто така да не се створат грутчиња, вратете на оган и сварете густ крем како пудинг. Тргнете од оган, промешајте, додадете го во топлиот фил желатинот и промешајте да се истиот стопи. Покријте го со проѕирна фолија за да не добие на површината кора.
Почнете да ги матите белките додавајќи постепено од шеќерот во прав. Кога ќе добиете цврст снег од истите, додадете кај кремот со жолчките, но не целиот наеднаш, по неколку лажци и постојано мешајте внимавајќи притоа да не излезе воздухот за да остане така кремаст - пувкав.

Оставете го да се излади. Исечете го ролатот на парчиња. Модлата постелете ја со хартија за печење. Од ролатите ставете прво по ѕидовите, а потоа и на дното. Истурете го филот и оставете во фрижидер да се стегне. По ќелба прелијте го со прелив од вишни сварени со шеќер. Кој претходно треба да е оладен.


РАСПУКАНИ МАФИНИ

Пригответе ги мафините на Фантазија според упатството на самата амбалажа. Откако ќе ја сработите смесата, додадете свежи или суви боровинки, измешајте, помогнете си со лажица за црпење на сладолед. Распределете ја смесата во подметачите кои се во паковањето. На секој мафин одозгора ставете од кремот направен со крем сирењето, со ноже израмнете по површината или вилушка рашарајте (ако сакате да имате мраморен иглед на пресекот), ставете да се пече.

За промена од класичен мафин - интересни се овие како на изглед така и на вкус.

Напомена
Наместо крем сирење може да користите кисела павлака - секогаш добри.
Срекни празници!


ОВОШЕН КУГЛОВ
Подгответе овошен куглоф со суво грозје и искористете го за сосема поинаков десерт – овошно парфе со цреши и чоколаден и ванила крем.

Во сад измешајте ја мешавината на Фантазија за овошниот колач, јајцата, растопениот путер и млекото. Претурете ја смесата во калап за куглоф добро подмачкан со масло и набрашнет со брашно. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути. Оставете комплетно да се излади. Во меѓувреме подгответе го пудингот во тенџере на оган според упатството на подготовка. Кога смесата ќе се згусне додајте го белото чоколадо и промешајте додека не се растопи во пудингот. Оставете на страна покривајќи го горниот дел на пудингот со хаертија за свежа храна за да не фати кора.  Изматете ги кесичките за чоколадна шлаг крема со млекото и оставете на страна. Кога куглофот ќе се излади пресечете го на парчиња и наредете ги во длабок сад за сервирање. Нанесете од белиот фил, од чоколадната шлаг крема, и постапката повторете ја додека не ги потрошите филовите и куглофот. На крајот завршете со ронети парчиња куглоф и свежи цреши.

Потребни состојки:
1 пакување за овошен колач Фантазија
3 јајца
120 мл растопен путер
100 мл млеко

За чоколадниот фил:
2 кесички за шлаг пена со чоколадо
250 мл млеко

За белиот фил:
1 пудинг од ванила
400 мл млеко
4-5 лажици шеќер
100 г бело чоколадо
свежи цреши за декорација

Добар апетит и забавно готвење!


СОЛЕНИ МАФИНИ
Зошто да правите смеса за солени мафини кога може да си набавите готова од Фантазија и да ја збогатите со Вашиот омилен вкус. Ви препорачуваме смеса за солени мафини на Фантазија која се подготовува за само 5 минути.

Потребни состојки:

1 кутија смеса за солени мафини Фантазија
2 јајца
150 мл масло за јадење
75 мл млеко
150 г кашкавал исечкан на коцки
12 лажички доматен сос

Во сад ставете ја мешавината за солени мафини и додајте ги јајцата, маслото за јадење и млекото. Добро промешајте и со помош на алатка префрлете од смесата во калап за мафини нареден со корпи за мафини. Одозгора нанесете по 1 лажичка од доматниот сос и парчиња кашкавал. На крај нарусете малку од мешавината од семиња кои ќе ја најдете во кутијата. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.

Добар апетит и забавно готвење!

 

 

За Нас

Макпрогрес е успешна интернационална компанија, лоцирана во источниот дел на Македонија. Во своето 30 годиншно постоење Макпрогрес преку континуирани инвестиции и висока стапка на раст прерасна во еден од водечките производители на кондиторски производи во Југоисточна Европа со извоз во повеќе од 55 земји во светот. Во производното портфолио има повеќе ...

Контакт

  • 033362289
  • 071246683
  • info@atastetoenjoy.com

Facebook

A taste to enjoy © 2021. UKION SHOPS