Услови за користење

ПОЛИТИКИ И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Политики за користење на системот за електронска трговија.
Со самиот пристап на интернет страницата на Макпрогрес и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.
Макпрогрес ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

Продажбата на Кршла Бел Камен 750 мл. суво бело вино и Кршла Црн Камен 750 мл. суво црвено вино не е наменета за лица под 18 години. Во случај лице под 18 години да ги доставило своите лични податоци без согласност на своите родители и/или старатели, тие треба веднаш да ја известат www.atastetoenjoy.com. Малолетници не смеат да даваат лични податоци на www.atastetoenjoy.com без дозвола од своите родители или старатели.

1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ

Макпрогрес ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Макпрогрес не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

Макпрогрес ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. Макпрогрес за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line плаќање.

3. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ

Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку Македонска Пошта АД Скопје, Глобко Логистик Скопје, Карго Експрес, Спиди Деливери на адресата која е наведена во порачката.

Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата.
Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка.

Поштенските трошоци се вклучуваат при нарачката во крајната цената на производот.
За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да не контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.

4. ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ
 
Макпрогрес не врши поврат на средствата на купувачот, секоја продажба е финална.

 

За Нас

Макпрогрес е успешна интернационална компанија, лоцирана во источниот дел на Македонија. Во своето 30 годиншно постоење Макпрогрес преку континуирани инвестиции и висока стапка на раст прерасна во еден од водечките производители на кондиторски производи во Југоисточна Европа со извоз во повеќе од 55 земји во светот. Во производното портфолио има повеќе ...

Контакт

  • 033362289
  • 071246683
  • info@atastetoenjoy.com

Facebook

A taste to enjoy © 2021. UKION SHOPS